mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Скандалозен план за градба и за сеча во националниот парк Пирин

Скандалозен план за градба и за сеча во националниот парк Пирин

Типографија

Бугарските еколошки организации се креваат во одбрана на Пирин, откако новата министерка за животна средина Ирина Костова одобри контроверзен план за управување со овој национален парк во наредните 10 години.

Главниот проблем со планот е што за него не е направена процена за влијанието врз животната средина, и поради тоа неговото донесување беше одложувано во изминатите години. Но министерката Костова го потпишала планот тврдејќи дека за него не е потребно да се подготви еколошка процена.

Според коалицијата „Да остане природа во Бугарија“, со планот се прошируваат зоните за градење во паркот за 12,5 пати, а 60 отсто од неговите шуми се отвораат за економска експлоатација. Против овој план минатата година се собраа 75.000 потписи, а алармирани се и повеќето релевантни меѓународни организации. Тие ги планираат своите следни чекори, кои вклучуваат и обжалување на одлуката на суд.

Министерката Костова, пак, тврди дека нема веројатност дека планот штетно ќе се одрази врз животната средина, и вели дека тој ќе овозможи повеќе инвестиции во туристичката инфраструктура.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан