mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Хидропотенцијалот е најдобра шанса на Хрватска за поголема енергетска независност

Хидропотенцијалот е најдобра шанса на Хрватска за поголема енергетска независност

Типографија

Хидропотенцијалот е најдобрата шанса на Хрватска за поголема енергетска независност.

Ова го заклучиле учесниците на четвртиот енергетски инвестициски форум 2017 година. Земјата сега увезува околу 30 отсто од потрошената електрична енергија.

  • Хидропотенцијалот е нашиот најголем потенцијал - вели Перица Јукиќ, претседател на бордот на директори на Хрватското електростопанство ХЕП. Тој вели дека е неопходно да се инвестира во високо ефикасни објекти и комбинирано производство на топлина и електрична енергија.

Јукиќ изјави дека ХЕП ја следи стратегијата на ЕУ која се базира на ниско ниво на јаглерод диоксид додавајќи дека Хрватска ќе инвестира во обновливи извори на енергија, кои ја претставуваат иднината.

Мирослав Месиќ, претседател на бордот на директори на хрватскиот електро преносен систем оператор (ХОПС), ја истакнал важноста од понатамошен развој и изградба на инфраструктура за да може да се покрие увозот доколку има можен недостиг на домашниот пазар.

Ова ќе биде можно да се постигне преку проектот за создавање на паметни мрежи кои ќе ги поврзат мрежите на земјите-членки на ЕУ. Хрватска има аплицирано за средства од Европската унија со цел да учествува во тој проект.

Државниот секретар во Министерството за животна средина и енергија Анте Цикотиќ, рече дека националната цел на Хрватска е да се намали емисијата на јаглероден диоксид за 40 отсто до 2030 година. Тој смета дека инвестирањето во зелена енергија ќе создаде помеѓу 80 и 100 илјади работни места во земјата.

Учесниците на конференцијата истакнуваат дека фармите со ветерници не се сигурен извор на енергија, бидејќи нивното производство е во зависност од временските услови. Аљоша Плеиќ од Здружението за обновливи извори на енергија повика на изградба на хидроцентралата Јасеница со проектиран капацитет од 300 мегавати, од 2020 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан