mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Пренос во живо од орлово гнездо во Белград

Пренос во живо од орлово гнездо во Белград

Типографија

Белградското јавно комунално претпријатие „Зеленило Белград“  преку својот канал на Јутјуб им овозможува на граѓаните во живо да ги следат случувањата во гнездото на белоопашестите орли на Големиот воен остров на самото устие на реката Сава во Дунав.

Женката орел во овој период лежи на јајцата што ги снела на почетокот од февруари, а се очекува младите орли да се изведат во текот на викендов, соопштиле од претпријатието. Граѓаните ќе можат да гледаат како парот орли се однесува со своето потомство и како подмладокот расте во гнездото.

Орлите се гнездат на стари високи стебла во шумите, најчесто на височина од 20 до 33 метри. Гнездото им е импозантна градба со широчина до два ипол метри. Женките несат две до три јајца и лежи врз нив 38 дена, а откако малите орли ќе се изведат, двајцата родители водат грижа за нив.

Претпријатието врши постојан видео надзор врз овие ретки птици, а сега им го овозможува тоа и на сите заинтересирани.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан