Во градот Ниш ќе се гради најголемиот инфраструктурен проект во Србија од областа на заштитата на животната средина, финансиран од Европската унија.
Станува збор за систем за собирање и за третман на отпадните води, за кој трошоците од три милиони евра преку претпристапните фондови на ЕУ. За оваа цел, српската министерка за земјоделство и за заштита на животната средина Стана Божовиќ, како и претставници на делегацијата на ЕУ, го посетиле градот и ја претставиле студијата за процени.
Со проектот се предвидува да се изгради нов колектор, да се реставрира постојниот, а потоа да се изгради и централа за третман на отпадните води, како и за дополнително справување со тињата.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS