Центар за интегрирано управување и следење на зоната на брегот, во вредност од 1,15 милиони евра, е отворен во бугарскиот пристаништен град Варна.
Според бугарската министерка за животна средина и вода Ивелина Василева, станува збор за центар што ќе ги собира и ќе ги обработува податоците на сите ресорни институции и што ќе може да помогне не само во оперативните дејства, туку и во научната работа. Тој ќе ги интегрира информациите за состојбата со морските води и со тоа ќе се вклучи во европската и во регионалната мрежа за борба со излевањето нафта во морето. Комплексот за следење, прогнозирање и за реакција во случај на излевање нафта ќе ги следи показателите од крајбрежните води и ќе развива систем за интегрирана реакција.
Бугарското министерство најавува дека ќе почне и со друг голем проект, за мапирање и проучување на заштитените зони во Црно Море.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS