Невреме проследно со пороен дожд, град и грмежи синоќа ја погоди западна Србија, предизвикувајќи штети на патната инфраструктура и на земјоделските насади.
Како што јави Танјуг, невремето, што започнало по 20 часот, ги погодило териториите на општинте Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучане.
Според метеоролозите, во некои реони од подрачјето погодено од невремето наврнале и до 60 литри дожд на квадратен метар.
Обилните дождови предивикале поплави по улиците и во подрумите на повеќе станбени објекти. Надлежните органи соопштија дека се предизвикани големи штети, пред се` на овошните насади, а регистирарни се и оштетувања на патната инфраструктура и на повеќе возила.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS