mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Пожар уништува природно богатство во Албанија

Пожар уништува природно богатство во Албанија

Типографија

Силните ветрови уништуваат големи делови од шуматта во местото Поро, кое е централна зона на заштитеното подрачје Вјос-Нарт во јужна Албанија, соопшти организацијата за заштита и зачувување на природната средина, ППНЕА.

Соработници на ППНЕА го посетиле местото и известиле дека пожар со силен интензитет зафатил голема површина, и дека во моментов огнот е надвор од контрола. Силниот ветер уште повеќе го шири пожарот и постои опасност да изгори целата шума ако тој не се стави под контрола.

ППНЕА ги повика одговорните институции, особено Министерството за одбрана, да интервенираат од воздух за да го спасат местото. Од организацијата потсетуваат дека претходниот пожар, кој се случил пред само еден месец, уништил околу 30 проценти од зеленилото во областа.

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан