mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Пожарот во Калифорнија надвор од контрола

Пожарот во Калифорнија надвор од контрола

Типографија

Повеќе од илјада пожарникари се ангажирани во гаснење пожар на околу 160 километри северно од Сан Франциско, во кој од синоќа изгореа 1.200 хектари земјиште. Досега само пет отсто од пожарот е ставен под контрола.

  • Високите температури и сушата во државата дополнително создаваат услови за пожар во Калифорнија. Пожарот брзо се шири кон север и жителите мора да бидат евакуирани - се наведува во соопштение од Одделот за вонредни ситуации на Калифорнија.

Во тој регион во 2015 година имаше голем пожар во кој загинаа четири лица и беа уништени околу 1.300 куќи и опустошени 31.000 хектари земја.

 

 

 

 

 

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет