Далматински пеликан што бил најден целосно исцрпен пред еден месец во Преспанскиот регион, е повторно пуштен на слобода во Преспанско Езеро откако целосно се опоравил, соопшти грчкото Друштво за заштита на Преспа.
На пеликанот по наоѓањето му била дадена прва помош, а потоа активисти се грижеле за него.
- По еден месец нега, далматинскиот пеликан се врати во Големото Преспанско Езеро. Голема благодарност до организацијата „Акција за дивиот свет“, која многу добро се грижеше за него - рекоа од Друштвото за заштита на Преспа.
Преспанскиот регион е едно од најзначајните места за гнездењето на пеликаните. Тие најчесто се гнездат во грчкиот дел, а во другите делови, во Македонија и во Албанија, доаѓаат за да се хранат.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS