Опожарените шумски подрачја во 2016 година во Бугарија досега зафаќаат 2.500 хектари, а вкупно се регистрирани 315 пожари. Според статистиката, 97 отсто од нив се резултат на човеково невнимание.
Ова го соопшти министерката за земјоделство и храна Десислава Танева. Според Танева, ова значи дека 2016 година не е најлоша во однос на пожарите. Сепак, периодот на висок ризик од пожари се` уште трае и сите служби се со зголемена готовност за реакција.
- И натаму сме во сезоната на пожари и сите треба да бидеме многу внимателни - рекла министерката Танева.
Таа особено ги повикала земјоделците на зголемена внимателност.
Потребни се три години за да се утврди дали една опожарена шумска површина може самата да се обнови или ќе и биде потребно пошумување.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS