mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

За 20 години драстично зголемена урбанизираноста на Албанија

За 20 години драстично зголемена урбанизираноста на Албанија

Типографија

Албанија е рангирана меѓу земјите со степен на урбанизација меѓу 40 и 60 отсто во 2015 година, според последниот извештај на Обединетите нации. Тоа е голем раст во однос на 1995 година, кога земјата се наоѓала во групата на држави каде урбанизираноста е меѓу 20 и 40 отсто.

Ова, според експертите, се должи на многу процеси, како на пример внатрешните миграции, растот на градежништвото, како и се поголемата концентрација на населението во поголемите и поразвиени урбани средини.

Најголем раст на урбанизацијата имало на азискиот континент.

Во извештајот се наведува дека е важно овој процес да го следи децентрализацијата, односно преносот на политичката моќ и на финансиските одлуки од Владата на пониските нивоа. Албанија се` уште работи на овој процес, а тој е недоразвиен и во многу други земји во Европа.

Новата агенда на ОН за урбанизација се залага за одржлив развој на градовите, така што тие ќе стануваат побезбедни, флексибилни и со повисок квалитет на животот. Климатските промени се предизвик и за градовите, што значи дека ќе треба да се градат повеќе еколошки згради, да се штеди енергија и да се зголеми енергетската ефикасност, како и да се користат што повеќе обновливи извори на енергија. Одржливите градови, според студијата, се гаранција за поголем економски развој.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан