mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Се гради браната Врандук во Босна

Се гради браната Врандук во Босна

Типографија

Во Босна и Херцеговина се спроведува нов проект за зелена енергија, вреден 57,4 милиони евра, во близина на градот Зеница.

Станува збор за хидроцентралата Врандук, која кога ќе биде готова ќе има инсталиран капацитет д 19,6 мегавати.

Хидроцентралата е лоцирана во близина на средновековен замок и ќе има повеќе делови поврзани меѓу себе. Годишното производство на енергија од неа може да достигне 96 гигават-часови. Електростопанството на Босна и Херцеговина потпиша договор со австриската градежна компанија Страбаг и со хрватската Кончар-КЕТ за изградба на браната, инсталирање на опремата, тестирање и за пуштање во употреба.

Акумулацијата треба да почне да се полни во мај 2019 година и да заврши до ноември истата година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан