Црногорската Влада и конзроциумот на италијанксата фирма „Ени“ и руската „Новатек“ во Подгорица потпишаа договор за концесија за потрага по наоѓалишта на нафта и гас во територијалните води на Црна Гора.
Концесијата е со важност од 30 години и се однесува на четири подрачја крај јужниот дел на црногорскиот брег, во близината на Улцињ.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека ова претствува голем настан за земјата.
- Со потпишувањето на овој договор се отвора пат за истражување на јаглеводороди, нешто што го чекавме со векови - рече Ѓукановиќ.
На потпишувањето на договорот се спротивставуваат повеќе еколошки здруженија од Црна Гора, Хрватска и Италија, кои денеска организираа протести во пристанишниот град Бар. Според нив, со потпишувањето на овој договор „му се изрекува смртна пресуда на црногорскиот крајбрежен туризам“.,
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS