mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Се чистат оџаци на згради во Македонска Каменица

Се чистат оџаци на згради во Македонска Каменица

Типографија

Екипи на Јавното комунално претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица спроведуваат акција за чистење оџаци на колективните станбени згради во градот.

Акцијата е со цел превенција од пожари поради затнати оџаци.

Како што вели Влатко Димитровски, заменик директор на ЈП „Камена Река“ оваа акција се наметнала како потреба за отстранување на ризиците од пожари во колекивните станбени згради, бидејќи секоја година имало запалени оџаци кои претставуваат ризик за сите станари од една зграда.

  • Лани ја почнавме пробно оваа акција и се покажа како доста успешна со голем инетерес кај жителите. Годинава ја продолжуваме на барање на граѓаните. Интересот е многу голем. Претседателите на куќните совети се јавуваат кај нас и пријавуваат потреба за чистење на оџаците од зградата, по што ние интервенираме - вели Димитровски.

Тој додава дека за оваа акција се наплаќаат 100 денари од стан од колективната зграда.

  • Досега се пријавени скоро сите згради во Македонска Каменица и најавувам дека оваа акција ќе ја спроведуваме традиционално, секоја година пред почетокот на грејната сезона, со цел да превенираме опасности од пожари - додава Димитровски.



BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS