mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Пообилни врнежи утре попладне и преку ноќта

Пообилни врнежи утре попладне и преку ноќта

Типографија

Пообилни врнежи од дожд утре попладне се очекуваат во северозападните и источните делови на земјата.

Локално, како што најавуваат од УХМР, се очекуваат да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во сабота ќе преовладува променливо облачно време, со сончеви периоди кои ќе бидат позастапени во источните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе биде без промена. 

Во недела ќе биде претежно сончево со пониска утринска температура, од еден до осум, а повисока дневна од 16 до 23 степени.

Во првите два дена од наредната недела се очекуваат локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS