mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Доделени наградите на натпреварот „Македонија се сака на точак“

Доделени наградите на натпреварот „Македонија се сака на точак“

Типографија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и Републичкиот совет за безбедност  на сообраќајот на патиштата (РСБСП) доделија 14  награди за најкреативни фотографии кои вклучуваат природа и активности со велосипед на територијата на Македонија  за наградната игра  „Македонија се сака на точак”.

Целта на натпреварот, кој траеше три месеци преку Фејсбук апликација, беше да се зголеми свесноста за користење алтернативен превоз и промоција на убавините на Македонија.

  • Сценографијата на фотографијата која беше замислено да содржи велосипед и природна убавина од Македонија, ја реализираа околу 300 натпреварувачи, а  14 од нив добија награди за својот труд, креативност и залагање за активно користење на  велосипедот како сообраќајно превозно средство - соопштуваат од АППТ. 

Фотографиите кои  беа дел од наградната игра во иднина ќе се користат и за промоција на Македонија во странство, како и промоција на велосипедизмот како облик на сообраќај. Со тоа, укажуваат од АППТ,  перспективата и ентузијазмот на велосипедистите кои учествуваа во наградниот натпревар ќе послужи како мотиватор на странците што  претендираат да ја посетат земјава. 

Изборот за најдобрата фотографија, според соопштението, е направен од четиричлена  комисија од АППТ и РСБСП, а останатите фотографии кои ги исполниле пропишаните критериуми, се избрани според  бројот на гласови од публиката.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS