mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Избрани најбезбедните и најчисти училишта во Македонија

Избрани најбезбедните и најчисти училишта во Македонија

Типографија

Најчисти и најбезбедни училишта за учебната 2015/2016 година во Македонија се ОУ  „Тошо Велков-Пепето“ од Кавадарци и  СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје.

Признанијата на најдобрите им ги додели министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, кој истакна дека МОН веќе трета година по ред го реализира натпреварот за најбезбедни и најчисти училишта.

Министерот  Лутфиу информира дека овој проект има голем успех. Според него, најголем придонес за успешносата на проектот имаат учениците и вработените во основните и средните училишта.

  • Годинава на натпреварот конкурираа 15 училишта, 10 основни и пет средни. Комисијата која ги разгледуваше апликациите и која ги посети училиштата едногласно одлучи дека најчисти и најбезбедни училишта се „Тошо Велков-Пепето“ од Кавадарци на првото место, второ е „Васил Главинов“ од Велес, а на трето место „Рајко Жинзифов“ од село Долно Оризари, Велес - вели Лутфиу.

Тој информира дека едногласна била одлуката и за средните училишта. Првото место го освои СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје, второпласирано е СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје, а трето „Ацо Русковски“ од Берово.

Првонаградените училишта од МОН ќе добијат  смарт табла, а останатите ќе добијат награди, обезбедени од Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS