mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Редовно одржување на опремата за помала потрошувачка на енергија

Редовно одржување на опремата за помала потрошувачка на енергија

Типографија

За најмалку 20 отсто годишно може да се намалат загубите на енергија во индустриските капацитети без какви било дополнителни вложувања ако внимателно се следи производниот процес и се детектираат пропустите.

Една од главните причини за зголемена потрошувачка на енергија во компаниите е недоволното одржување на опремата, велат од Стопанската комора на Македонија.

  • Енергетската ефикасност во индустријата не подразбира само воведување нова, современа опрема и технологија, туку и преземање многу други, едноставни мерки за кои не се потребни никакви инвестиции или, практично, оптимизирање на производниот процес. Тоа го покажаа три од 12-те компании вклучени во проектот „Енергетска ефикасност во индустријата“ кои за почеток, веднаш по соработката со консултантите, ги намалија производните трошоци до пет проценти -  вели Ана Петровска од Регионалниот центар за животна средина.

Според неа, меѓу причините за зголемена енергетска потрошувачка се и неводењето сметка за уклучувањето/исклучувањето на машините кои треба да работат само кога има потреба, ситните неприлагодувања на одредени вентили, несанирањето на цевките кои течат.

  • Секоја од компаниите идентификуваше по најмалку 30 мерки за намалување на потрошувачката на енергија, а Вардар Доломит од Гостивар дури 100 - посочува Петровска.

Проектот „Енергетска ефикасност во индустријата“ е вреден 1,4 милиони долари, но компаниите заедно со општините и владините институции обезбедија дополнителни пет милиони долари. Се спроведува три години, а активностите предвидуваат и подигнување на капацитетите на консултантите за енергетска ефикасност не само на национално, туку и на меѓународно ниво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS