mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Посочени проблематичните точки во управувањето со „Дримски басен“

Посочени проблематичните точки во управувањето со „Дримски басен“

Типографија

Македонските субјекти инволвирани во прекуграничниот проект за Дримскиот басен ги посочија проблематичните точки во управувањето со Басенот, но дадоа и оценка за моменталните состојби и влијанија.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски на средбата истакна дека се работи за прв состанок од кој ќе произлезе и акцискиот план за управување со водните ресурси, но истовремено ќе ги посочи и главните проблеми со кои се соочуваат локалната, па и централната власт во делот на одржливиот развој и проблемите од областа на заштитата на животната средина.

  • Ние преку овој прекуграничен проект покрај оној за Преспанското, ќе добиеме менаџмент-план за управување со водните ресурси и на Охридското Езеро. Тие потсистеми во рамки на овој проект ќе придонесат кон превенирање на поплави, подигнување на јавната свест, како и меѓудржавен мониторинг на водните ресурси - додава Темелковски.

Дејан Пановски, појаснува дека оваа средба е во насока на изготвување платформа што ќе ја определи Прекуграничната дијагностичка анализа на Басенот, а ќе резултира со изготвување соодветен Стратешки акциски план, како документ што ќе ги определи активностите во рамки на управувањето со водните ресурси од сливот на реката Дрим.

  • За некаде четири години треба да се формира заедничка комисија што ќе управува со сливот на Дрим и согласно европската Рамковна директива за води ќе препорачува на петте држави од сливот на Дрим какви одлуки да носат во насока на зачувување и квалитетно управување од еколошки, економски, социјален и енергетски аспект - вели Пановски.

Македонија како држава од горниот дел од сливот на Дрим, е обврзана особено внимание да обрне на водостојот на водниот тек во насока на спречување на поплави, а истовремено да се грижи да не го наруши енергетскиот потенцијал на останатите држави од регионот.

„Дримскиот проект“ активно почна со имплементација во мај оваа година со поддршка на Програмите за развој на ОН и Глобалното партнетство за води како директен спроведувач на Проектот, со силно институционално учество на институциите од државите од Сливот застапени во „Дрим-Кор групата“ и во експертските работни групи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS