mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Еко Герила потсетува дека измина времето за Југохром

Еко Герила потсетува дека измина времето за Југохром

Типографија

Тетовското движење Еко Герила, кое се бори против загадувањето на воздухот во градот, објави видео клип со ветувањата на различни владини функционери дека ќе го решат проблемот со загадувањето од комбинатот Југохром до 31 октомври годинава.

Така, потсетуваат дека на 28 декември 2013 година, тогашниот министер за животна средина Абдилаќим Адеми, кој најавил дека рокот за исполнување на еколошките стандарди за компаниите е 1 април 2014 година.

На 1 ноември 2014 година вицепремиерот Владимир Пешевски соопштува дека на комбинатот му се дадени уште 24 месеци, но нагласува дека се поставени конкретни цели и рокови за нивното исполнување. Како што најави тој, на крајот од тие 24 месеци компанијата треба да нема речиси никакви емисии на штетни гасови во воздухот.

Нурхан Изаири како министер за животна средина, на 4 ноември истата година најавил дека внимателно ќе се следи акцискиот план за комбинатот, и ако за шест месеци нема напредок, тогаш ќе го затвори.

Васко Скендеровски, директорот на Југохром, на 2 февруари годинава рекол дека кон крајот на тој месец ќе почнат градежните активности, а до крајот на мај ќе биде поставен системот за отпрашување на печките со број 7 и 8, кои, како што вели, претставуваат 50 отсто од производствениот капацитет на Југохром. Понатаму, тој продолжува дека ако ја задржат таа динамика, до крајниот рок што им е даден од Владата ќе ги исполнат сите услови.

  • Уште колку луѓе треба да умрат за да се постават филтри на овој загадувач - прашуваат од Еко Герила.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS