mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Повеќе енергија од хидроцентралите годинава

Повеќе енергија од хидроцентралите годинава

Типографија

Хидроцентралите Шпилје и Глобочица, кои се дел од Црнодримскиот слив, предвреме го исполнија годишниот план за производство на електрична енергија.

Според надлежните, турбините на двете електрани во периодот јануари-окртомври произвеле над 479 милиони киловат-часови електрична енергија.

  • Во ХЕ Шпилје се произведени 286,5 милиони киловат-часови елкетрична енергија, што е за 22,3 отсто поголемо производство од планираното за овој период, а во исто време претставува и остварување на годишниот план и негово натфрлување за четири отсто. Моментно во акумулацијата Дебарско Езеро има резерва на вода за производство на 20 милиони киловат-часови електрична енергија, а просечниот дотек изнесува 50 кубни метри вода во секунда - велат надлежните во Црнодримскиот слив.

Годишниот план е остварен и во ХЕ Глобочица, откако во периодот јануари-октомври се произведени 192,7 милиони киловат-часови.

  • Оствареното производство во споменатиот период во ХЕ Глобочица е за 17 отсто поголемо од планираното за овој период, а во однос на годишниот план тоа е поголемо за 1,3 насто. Во акумулацијата има резерва за производство на околу 21 милион киловат-часови, а просечниот дотек изнесува 33 кубни метри вода во секунда - нагласуваат надлежните.

Поради поволната хидрологија, како и техничката подготвеност на електомашинската опрема, се очекува до крајот на годинава производството да биде за околу 20 отсто поголемо од планираното на годишно ниво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS