mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

УХМР: Обилни врнежи од дожд од вечерва до среда

УХМР: Обилни врнежи од дожд од вечерва до среда

Типографија

До утре напладне подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на засилено јужно воздушно струење и на топла и влажна воздушна маса, од кои во овој период ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

И натаму ќе биде релативно топло за овој период од годината, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Облачно со обилни врнежи од дожд ќе биде денеска и утре кога на повеќе места се очекува да наврнат и над 60 литри дожд на квадартен метар. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер и во форма на невреме.

  • Денес ќе дува засилен повремено и силен јужен ветер чија брзина, пред се на повисоките места, на моменти ќе достигнува и над 70 километри на час. Во среда кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите на воздухот, поради што на планините на северозапад и на север се очекуваат слаби врнежи од снег - соопштуваат од УХМР.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS