mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Во штипската населба Стар Карорман се гради фекална канализација

Во штипската населба Стар Карорман се гради фекална канализација

Типографија

Штипското комунално претпријатие „Исар“ продолжи со изградбата на фекална канализација во приградската населба Стар Карорман. Овој проект чини 13 милиони денари.

Раководителот на работната единица Водовод и канализација во ЈП „Исар“, Бранко Горгиев вели дека во тек е и изградба на водоводна и канализациска мрежа и во една од индустриските зони.

  • Екипите во Стар Карорман го довршуваат кракот 12 со комплет со приклучоци. Досега во Стар Карорман се изведени 4,5 километри на фекална канализација. Во наредниот период ќе почнеме и со изведба на водовод и канализација во населба Баби 6. Моментално се работи на изведба на водовод и канализација во новата индустриска зона ПИ Македонка, каде што активностите се во тек - вели Горгиев.

Во тек е и замената на стари со нови дигитални водомери во домаќинствата. Според Горгиев, досега се заменети 6.000 водомери или е завршено 50 отсто од работата на терен. Екипите деновиве работат во штипските населби 8 ми Ноември и Кадидаре.

Горгиев истакна дека измантиов период имаат и поголем број интервенции на фекалната канализација, која се затнува поради фрлање на влажни марамици и други предмети.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS