mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Јапонски камион за сметот во Кривогаштани

Јапонски камион за сметот во Кривогаштани

Типографија

Општината Кривогаштани доби камион за собирање смет и контејнери од Јапонија.

Донацијата на градоначалникот Тони Заткоски му ја предаде Мицунори Огасавара, првиот секретар на амбасадата на Јапонија во Виена, која ја покрива Македонија. Возилото ќе го користи јавното претпријатие Пелагонија од Кривогаштани. Донацијата е со вкупна вредност од 66.295 евра и вклучува нов камион за смет од марката Мицубиши и 35 контејнери, кои ќе бидат распоредени на целото подрачје на општината.

  • Со оваа донација значително ќе се подобри управувањето со сметот и ќе придонесе за поздрава и почиста животна средина - велат од општината.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS