mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Мавровско Езеро и Радика порибени со 15 илјади парчиња поточна пастрмка

Мавровско Езеро и Радика порибени со 15 илјади парчиња поточна пастрмка

Типографија

Вработени во националниот парк „Маврово“ извршија порибување на Мавровско Езеро и долниот тек на реката Радика со петнаесет илјади парчиња поточна пастрмка.

Парчињата со тежина од околу пет грама беа пуштени по долината на Радика на местата Сенечки ливади, Состав на река и езерото „Камп“ и браната во селото Леуново.

Како што информираа од НП „Маврово“, рибниот подмладок од видот Salmo faroides е набавен од репродуктивниот центар „ШУМ“ од Струга со кој паркот има повеќегодишна соработка.

  • Вклучувајќи го ова порибување, во водите на Националниот парк „Маврово“ изминативе осум години се пуштени 290 илјади парчиња поточна пастрмка што претставува доказ дека паркот се грижи за рибниот фонд и постојано презема мерки за неговото зголемување. За заштитата и зачувувањето на рибниот фонд во Националниот парк Маврово се грижат 17 лиценцирани рибочувари вработени во паркот -  информираат од НП „Маврово“

Според програмата за работа на паркот, овие активности ќе продолжат поради зголемување на рибниот фонд што ќе придонесе за развој и унапредување на спортскиот риболов како една од активностите за развој на туризмот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS