mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Обезбедени преку 2,6 милиони садници за Ден на дрвото

Обезбедени преку 2,6 милиони садници за Ден на дрвото

Типографија

Вкупно 503,89 хектари со 2.611.143 милиони садници ќе бидат пошумени со утрешната, 17 акција „ Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), акцијата ќе се спроведува на 60 локации во 30 подружници, а за пошумување ќе се користат црн и бел бор, багрем, јасен, јавор, чемпрес, аризонски чемпрес, смрча, дуглазија, даб, питом костен, дива круша, црн орев. 

За потребите на ЗЕЛС и пооделно за единиците на локалната самоуправа се обезбедени 1.350.568 садници, од кои 1.000.568 за Скопје, урбаните делови на општините и на страничните делови на обиколницата на главниот град, 150 илјади за Битола од кои 200 за урбаниот дел на градот, 100 илјади за Тетово од кои 100 за урбаниот дел, како и 100 илјади за Кичево од кои 100 за урбаниот дел на градот.

Сpоред МЗШВ. дополнително, по две илјади леандри ќе бидат засадени покрај автопатот Демир Капија - Смоквица и во општина Дојран, а обезбедени се и 300 декоративни садници од кои 150 четинари повисоки од 130 сантиметри за Здружението на граѓани „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“.

Во организација на акцијата, покрај Министерството, вклучени се и ЈП „Македонски шуми“ - Скопје,  ЗЕЛС, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ - Скопје, ЈКП „Паркови и зеленило“ - Скопје, ЗППС „Исток-Транс“ Скопје, Град Скопје, општините Битола, Кичево и Тетово, ЈП за стопанисување со пасишта, МЖСПП, Националните паркови, Управата за хидрометеоролошки работи, МОН, МВР, АМС, МНР, МО и ГШ, MТСП, УХМР, Кабинет на претседателот на Владата на Република Македонија, Генерален Секретаријат на Владата на Република Македонија, Граничната полиција, Царинската Управа на Република Македонија и Министерство за здравство.

Акцијата „ Ден на дрвото - засади ја својата иднина“  почна во 2008 година и во првите четири години, до 2011-та, се спроведуваше во две сезони – пролет и есен. Во последните пет години, пак, пошумувањето се извршува само на есен.

Во досегашните 16 акции се пошумени речиси 13 илјади хектари со над 35 милиони садници. Најдобар беше ефектот во 2009 година кога во две акции на речиси 4.000 хектари беа засадени повеќе од 7.900.000 садници.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS