mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Почнува да се гради Конска брана кај Гевгелија

Почнува да се гради Конска брана кај Гевгелија

Типографија

Во близина на селото Конско, гевгелиско, почна да се гради Конска брана.

Ова е инвестиција вредна 40 милиони евра. Турскиот изведувач на работите, компанијата Адалихолдинг, една од најголемите компании во Турција со 50 годишно искуство во конструкција и градба на енергетски објект, избрана на меѓународен тендер, за некој ден ќе биде воведена во почетокот на работите за изградба на оваа брана.

Браната ќе биде висока 75 метри и ќе биде со капацитет од 25 милиони метри кубни вода.Браната Конско, која ќе биде мултинаменска, ќе служи за водоснабдување, наводнување, дотур на вода по природен пад до Дојранското езеро, како и развој на локалната туристичка понуда. Тоа е една од трите брани кои во наредниот период ќе почнат да се градат во Македонија и чие завршување се очекува во 2021 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS