mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Македонија ќе ги зајакнува капацитетите за справување со отпадот

Македонија ќе ги зајакнува капацитетите за справување со отпадот

Типографија

Во последниот извештај за напредокот на Македонија беше нотирано дека имплементацијата на Рамковната директива за отпад е се уште во најраните стадиуми и дека се потребни економски стимулации за да се подобри состојбата со управувањето и собирањето на отпадот.

Ова го истакна заменик амбасадорот на ЕУ во Скопје Мауро Дивероли на почетокот на Твининг проектот за јакнење на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните текови на отпад, финансиран од ЕУ.

  • Европската легислатива за животната средина е една од наjсложените. Управувањето со отпад, неговото транспонирање и спроведување бара големи финансиски средства. Ова се однесува во делот на управувањето со отпад бидејќи креирањето на отпад се зголемува, а со тоа се  зголемува и загадувањето на животната средина - нагласува Дивероли.

Според него, досега дел е сработено, но, како што вели, претстои многу работа за спроведување на овој проект. Порача дека ЕУ дава и ќе продолжи да ја дава својата поддршка.

Заменик амбасадорот на Обединетото Кралството Пол Едвардс рече дека проектот е поврзан со јакнење на административните капацитети и е многу важен за Македонија.

  • Административните  капацитети не се доволни за да се справиме со отпадот кој се фрла по улиците и ги загадува убавите природни пејсажи во Македонија. Македонија е прекрасна земја, ја прошетав и видов прекрасни паркови, но секаде каде што отидов имаше многу отпад наоколу кој ми го расипа впечатокот за убавината на вашата земја - вели Едвардс и ги повика сите политичари да дадат заложба да не се игнорира овој проблем со отпадот.

Даниел Ефтимов од Министерството за животна средина и просторно планирање порачува дека основното јадро на активностите на спроведување на политиките ќе придонесе кон подобрување на стандардите во управувањето со отпад во Македонија. Ќе придонесе и за решавање на проблемите со еколошки несоодветното одлагање на отпад на општините и останатите депонии кои треба технички да се направат со стандардите утврдени со Закон.

Проектот ќе го имплементираат експерти од Обединетото Кралство и од Шпанија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS