mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Со едноставни, адаптивни мерки против климатските промени во земјоделството

Со едноставни, адаптивни мерки против климатските промени во земјоделството

Типографија

Кооперација, интеграција, иновација и партнерство се четирите клучни фактори на кои треба да се фокусира македонското земјоделство за успешно справување со климатските промени.

Мерките за превенција и заштита треба да ги креираат производителите зашто тие се директно соочени со последиците, а примената мора да почне најпрво на локално ниво.

Ова е пораката од завршнаta конференција на УСАИД проектот за адаптација на земјоделството кон климатските промени што изминативе четири години го спроведуваше Мрежата за рурален развој.

Како што беше речено, наједноставните мерки, даваат најдобар резултат, а тоа е одржливо производство, сигурен, квалитетен, стандардизиран принос и поголем профит.

Правилен избор на сорти, соодветна резидба, внесување органска материја во почвата, употреба на заштитни УВ-мрежи, мулчирање, фертиригација, се само некои од мерките за адаптација што произлегоа од проектот кој опфати 25 земјоделци и вкупно 28 парцели.

  • Климатските промени се веќе реалност и еден од најголем предизвици со кои се соочува нашата генерација. Не ја засегаат само екологијата, туку предизвикуваат и сериозни економски и социјални последици - вели директорот на УСАИД, Џејмс Стеин.

Според него, во Македонија речиси половина од руралното население е економски зависно од земјоделското производство.

  • За превенција и заштита од климатските промени мора да го користиме пристапот „од долу - нагоре“ кој подразбира локалните актери сами да ги осмислуваат стратегиите и да ги адаптираат активностите за заштита зашто токму тие се најблиску до проблемот, а тоа значи и најблиску до решението - подвлече Стеин.

Проектот покажа дека со примена на практични адаптивни методи приходот може да се зголеми и за преку 60 отсто во лозарството, градинарството, овоштарството.

  • Ваквите одлични резултати беа споделени со преку 2.650 земјоделци, советници и други чинители во 10 рурални области што значително влијаеше врз подигнувањето на свеста и потребата од натамошно користење вакви мерки - посочува директорот на УСАИД.

Проектот на УСАИД почна во 2012 година и преку него се обучија повеќе од 850 земјоделци. Ги обедини науката и практиката во насока на детектирање на негативните влијанија од климатските промени за обезбедување подобри услови за одржливо производство.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS