mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Охрид во Париз бара решение за рехабилитација на колекторскиот систем за Езерото

Охрид во Париз бара решение за рехабилитација на колекторскиот систем за Езерото

Типографија

Изнаоѓање начини за ревитализација на Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро е цел на средбата на делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески со највисокото раководство на УНЕСКО во Париз.

Средби биле одржани со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, како и со Михтелд Рослер, директорката на Одделот за светско наследство на УНЕСКО.

Биле презентирани анализите од студијата што ја спроведе Јапонската агенција за меѓународна соработка коишто откриваат оштетувања на системот за заштита на Охридското Езеро и потреба од негова рехабилитација и надградба.

Директорката на УНЕСКО на средбата изразила подготвеност за нејзино лобирање пред најзначајните меѓународни финансиски институции со цел изнаоѓање начин за решавање на проблемот со Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, заштитено од УНЕСКО како светско природно богатство.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS