mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Планинарите од Крива Паланка се искачија на снежно Чупино брдо

Планинарите од Крива Паланка се искачија на снежно Чупино брдо

Типографија


 
Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка организираше акција за искачување на врвот Чупино брдо висок 1.725 метри.
- Триесетина планинари од различни возрасти имаа можност да уживаат во планинските пејзажи и убавините на Осоговските планини. Акцијата беше средно тешка, а сите учесници се дружеа и уживаа во неделното сонце на планина. Снегот не израдува, но во градовите не се задржа, за разлика од повисоките планински места каде белината и снежната убавина се идилични и привлечни, особено за планинарите или вљубениците во рекреација во природа, а тоа беше причина да ја организираме оваа акција - вели Теодор Јовановски од „Калин Камен“.
Согласно годишната програма на здружението до крајот на 2016 година останува уште една традиционална акција, искачување на Руен.
- Патеката е долга 18 километри, а стартот на акцијата е од градскиот плоштад во Крива Паланка, на 25 декември во 7 часот, од каде организирано се патува до рудник Тораница. Оттаму се искачува низ планината. Руен е највисок врв на Осоговските Планини со висина од 2.252 метри, а искачувањето во организација на нашето Здружение е по четврти пат - додава Јовановски.
Тој упати отворена покана за учество на сите авантуристи, без оглед на возраст и пол.
Тагови: Калин камен, Чупино брдо, планина

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS