mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Општина Кавадарци со препораки против аерозагадувањето

Општина Кавадарци со препораки против аерозагадувањето

Типографија

Општина Кавадарци излезе со препораки против аерозагадувањето, со цел да се намали загаденоста на амбиенталниот воздух во градот.

Од Локалната самоуправа велат дека апелот е во согласност со мерките на  Владата на Македонија.

  • Се препорачува редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветните метеоролошки услови. Се упатува апел со препораки до граѓаните почесто да го користат јавниот превоз, да не ги користат возилата без поголема потреба, да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира повеќе лица да се возат со едно возило во исто време. Да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал - нагласуваат од општината.

Препораката  до градежните фирми е да се избегнува палење на остатоци од градежниот шут на отворен простор, и задолжително да се транспортира до депонијата „Мелци“.

  • Општината го задолжи инспекторот за животна средина да изврши дополнителни контроли на сите автосервиси. Доколку констатира неправилности при затоплување на просториите со недозволени горива, да преземе соодветни мерки. Граѓаните кои ќе забележат или регистрираат активности кои придонесуваат за дополнително загадување на воздухот и животната средина, да ги пријават задолжително кај инспекторот за животна средина во општинската зграда - додаваат од локална самоуправа Кавадарци.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS