mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Прогласени добитниците на конкурсот Trash for art 2016

Прогласени добитниците на конкурсот Trash for art 2016

Типографија

Градинката „Буба Мара“ од  Скопје со делото „Новогодишна елка“ е добитник на 30.000 денари на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2016.

На конкурсот на уметнички дела од амбалажен отпад во кој учествуваа градинки, основни училишта, поединци и останати институции, учесниците ја најдоа својата инспирација во амбалажниот отпад што вешто го претворија во дела на современата уметност, информираат од компанијата Пакомак од Скопје кои шеста година по ред се организатори на конкурсот.

Во категоријата градинки, второто место му припадна на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија кои освоија парична награда од 20.000 денари за делото „Девојче“. Во категоријата училишта прво место и парична награда од 30.000 денари освои ОУ „Мирче Ацев“  од Скопје за делото „Златна рипка“, второто место го освои  ОУ „Кочо Рацин“ од Скопје со делото „Цвеќе“ за кое доби парична награда од 20.000 денари. Третото место го делеа ОУ „Братство Единство“ од Охрид и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“  од Скопје кои освоија по 10.000 денари за своите дела „Фустан Виножитка“, односно „Снешко“.

Во категоријата поединци првото место и припадна на Магдалена Нунеска за делото „Икона Св. Никола“ за кое доби парична награда од 30.000 денари. Второто место му припадна на Максим Димитров за делото „Орел“ за кое освои парична награда од 20.000 денари и третото место и 10.000 денари освои Јован Максимоски за делото „Авион“.

Делата од Trash for art 2016 освен што во себе носат сторија за нашите обичаи и практики како општество, ќе останат како важни обележја и чувари на животната средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS