mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ќе се мапираат природните реткости на Делчево и на Пехчево

Ќе се мапираат природните реткости на Делчево и на Пехчево

Типографија

Во Делчево се одржа првата работилница од проектот „Одржливо управување на природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш“, каде со помош на иновативни алатки ќе се промовираат природните реткости во регионот.

Тони Стоименовски, советник од ЛЕР од Општина Делчево информираше дека претставници на општинските администрации и граѓанскиот сектор имаат задача да ги пронајдат сите најпознати и најпосетени природни убавини во Делчево и Пехчево и да ги документираат за натамошна обработка и промовирање.

  • Проектот предвидува повеќе сегменти, како едукација на дел од вработените од општините и граѓанските организации, за користење на иновативни алатки за одржливо управување и промовирање на природните реткости, израбтока на веб страница за обележување на местата, поставување сигнализација локации кои се влезени во проекти, изработка на мапи, регионална мапа Делчево и Пехчево каде ќе бидат обележани сите природни реткости и голем број промотивни материјали - рече Стоименовски.

Тој додаде дека освен уредувањето на планинската велосипедска патека на Голак по сите стандарди за велосипедски патеки која ќе биде во должина од 6.800 метри, ќе се обележува и детската едукативна патека „Патеката на Петко на планината Голак“.

Градоначланикот на Пехчево, Игор Поповски истакна дека со реализацијата на овој проект не само што претставници од општинската админситрација и од невладиниот сектор во Пехчево ќе добијат основни познавања за промовирање на приородните реткости, туку ќе се обезбеди и подобра информација за туристите.

  • Нашата цел е турстичка промоција на убавините на Пехчево и овој дел од Малешевјата. Планираме да ги обележиме и мапираме водопадите на изворите на Брегалница, езерцето и многу други интересни содржини, кои и сега се посетувани од туристи - рече Поповски.

Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка а е поддржан од општините Делчево и Пехчево.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS