mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Се обновува канализациската мрежа во Куманово

Се обновува канализациската мрежа во Куманово

Типографија

Непречено се одвива ИПА проектот за рехабилитација и реконструкција на канализационата мрежа во Куманово.

Ова го соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод“ и додаваат дека според проценките на фирмата подизведувач „Жикол“ од Струмица завршени се околу 25 отсто од ИПА проектот. Во овој период, екипите на фирмата подизведувач работат на улиците во централното градско подрачје,  Перо Чичо , Кирил и Методиј, Среќко Пужаљка , Прва Петолетка, во населбите Тоде Мендол и Гладно Поле.

Во рамките на проектот, завршен е колекторот  во Речица и  се работи на внатрешна канализација во самото село.

  • Интензитетот на работи ќе се зголеми во наредниот период, особено во централното градско подрачје, така што до крајот на 2017 година се очекува овој проект кој има круцијална важност за општина Куманово, да биде завршен - вели директорот на „Водовод“ Горан Стојковски.

Согласно тендерската документација и начинот на користење на средства од ИПА фондови, објасни Стојковски, првин треба да се изгради или рехабилитира  канализацијата, да се изврши проверка дали функционира, да се сними со камера и дури откога ќе биде утврдено дека е се комплетно остварено, тогаш може да се почне со асфалтирање, односно со враќање во првобитна состојба на улиците каде што се спроведува проектот.

  • Ова се прави  со цел да не биде изградена канализација, за да има некаде некоја пречка, за да мора повторно да се раскопува.Се работи согласно стандардите и нормативите кои што постојат во вакви случаи, односно кога се работи со пари од ЕУ, бидејќи таму буквално за секој денар мора да се даваат извештаи и ова е начинот на работа. На овој начин се работи и во општина Прилеп и во Берово како и во Куманово, тоа се трите општини кои што се опфатени со проектот - додава Стојковски.

Проектот е вреден 4,3милиони евра  и со него е предвидено да се решаваат проблемите со собирањето и одведувањето на урбаните отпадни води во општина Куманово.Со овој проект се очекува да се рехабилитираат околу 25 километри од постоечката канализациона мрежа во Куманово,со што ќе се реши проблемот со одведување на отпадните води,ќе се намали ризикот од поплави и штети.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS