mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Крива Река порибена со пастрмка

Крива Река порибена со пастрмка

Типографија

Во реонот на централното градско подрачје на Крива Паланка  на неколку локации е извршено годинашното порибување на Крива Река со 51 килограм автохтона пастрмка.


Порибувањето го и з врши спортско-рекреативен клуб „Мрена“, кој стопанисува со  концесионерскиот реон „Крива Река 1“ .

  • Согласно  законот и договорот  за концесија  за организирање спортско-рекреативен риболов, концесионерот „Мрена“ го изврши порибувањето на риболовен ревир „Крива Река 1“ со вкупно 153 килограми риба.  во Крива Река беа пуштени  51 килограм автохтона пастрмка со големина од 20 грама, додека пред една седмица 102 килограми крап подмладок со големина од 50 грама беа пуштени во Отошничка брана - изјави Александар Рангелов, претседател на „Мрена“.

Додаде дека порибувањето годинава е поддржано од повеќе донатори.

  • Донации  за набавка на риба  за порибување годинава се обезбедени од „ЕМК-ДООЕЛ“ Мали хидро-електрани, „Хидро-Осогово ДОО“, и Друштво „Мали хидро-електрани МХЕ ДОО“, Скопје кои стопанисуваат со хидроцентралите на Крива Река и локалната самоуправа на општина Крива Паланка - рече Рангелов.

Напомена дека интересот  за рибарење расте. Годинава се издадени над 300 дозволи, од кои околу 200 годишни, 65 дневни, 16 седмични и 17 петнаесетдневни.

  • „Мрена“  во моментот брои околу 250 активни членови. Согласно програмата  за следната година, предвидуваме поголеми контроли од рибочуварската служба  за заштита на рибниот фонд во концесионерскио т  реон - истакна  Рангелов.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS