mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Се доградува канализациската мрежа во Мешеишта

Се доградува канализациската мрежа во Мешеишта

Типографија

Мрежата за фекална канализација во селото Мешеишта продолжи да се гради според предвидената динамика, информираа од општината Дебрца.

Станува збор за потег со вкупна должина од 1.530 метри, со што ќе се изврши поврзување на веќе изградената фекална канализација во селото Мешеишта со колекторскиот систем кој ги поврзува селата Горенци, Требеништа, Волино, Мешеишта и Климештани, изграден пред извесен период.

Од општината објаснуваат дека со ставањето во функција на фекалната канализација во Мешеишта ќе се приберат отпадните води и ќе се спроведат до главниот колектор кој се протега покрај реката Сатеска. Градоначалникот Игор Трајковски потенцира дека сега, бидејќи не постои фекална канализација во селото, отпадните води се собираат индивидуално во септички јами, што значи загадување на подземните води и уништување на животната средина.

Доизградбата на фекалната канализација во Мешеишта е дел од Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води" кој го реализира Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски со средства добиени од Европската инвестициска банка. Проектот чини над 120 илјади евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS