mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Прихрана на животните во Национален парк Пелистер

Прихрана на животните во Национален парк Пелистер

Типографија

Тимови на Националниот парк „Пелистер“ од Битола вршат прихранување на животните во паркот.

Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираат дека во рамките на заштитата на животинскиот свет паркот, секоја зима се организира прихранување на животните.

  • Акцијата за прихранување на животните се врши на определени места за кои се смета дека се посетени од некои видови на животни и притоа се поставуваат извесни количини на храна или минерали и сол, што им помага на животните во услови на остра зима полесно да ја преживеат - вели Пеце Цветановски, портпарол на ЈУ Национален парк „Пелистер“.

Прихраната на животните во Националниот парк се врши на четири локалитети, односно во атарот на Нижо Поле, под Пелистер, Вртешка и Брајчино, каде се поставени и распределени околу 90 килограми крупна сол, повеќе пакети со минерали, околу 80 килограми пченица, 50 килограми пченка и околу 15 бали со сено.

  • Пченицата служи за да преживеат птиците, копитарите го користат сеното, минералите и солта, а за прихрана на дивите свињи се користи пченката. Доколку оваа зима се покаже како остра и сурова, веднаш штом се создадат услови на теренот, бидејќи на некои места снежната покривка е поголема од 50 сантиметри, ќе се изврши и дополнително прихранување, за што ние како јавна установа редовно издвојуваме средства за набавка на потребните материјали - потврдува Цветановски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS