mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Снегот ќе ги заштити есенските посеви од студ

Снегот ќе ги заштити есенските посеви од студ

Типографија

Формираната снежна покривка во Македонија ќе ги заштити есенските посеви од ниските температури, велат агрометеоролозите. Според нив, издржливоста на посевите во вакви услови е многу поголема.

УХМР најавува постудено време во наредните денови. Подолгото задржување на ниските температури, нагласуваат експертите, може да предизвика измрзнување кај младите лозја и овошки, посебно долж Повардарието и во Малешевијата. Посебно ризичен беше поларниот студ изминатата недела кога во житородните региони Битола и Штип беа измерени минус 24,6  и минус 20,6 степени. 

  • Минималните температури изминатиот период, од минус 10 во Гевгелија до минус 28 во Берово и минус 16,6 во Демир Капија, укажуваат на опасност од делумно измрзнување на родните окца кај виновата лоза, особено кај младите насади. Слична е состојбата и со овошните насади во Малешевијата каде температурите беа повисоки од минус 28 степени, а издржливоста на коскестите видови е од минус 25 до минус 35, особено кај младите насади кои имаат поголемо количество сокови во стеблото и гранките и се поподложни на измрзнување - оценуваат агрометеоролозите.

Евентуалните штети од измрзнување во овој момент не може да се констатираат се додека не почне пролетното кроење кога не е исклучено и да се корeгираат одредени состојби.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS