mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ќе се поправаат магистралните канали на хидросистемот Брегалница

Ќе се поправаат магистралните канали на хидросистемот Брегалница

Типографија

Подружницата „Брегалница“ од Кочани на јавното претпријатие Водостопанство на Македонија спроведува постапки за избор на поволен изведувач за ревитализација на десниот магистрален канал од хидромелиоративниот систем „Брегалница“.

Тендерот е и за изградба на типски зафати кои ќе се користат за зафаќање на водите од проточните реки во Источна Македонија, кои ќе бидат насочеи за користење за левиот магистрален канал во општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.

  • Изработката на проектот и ревизијата на проектот за десниот магистрален канал, поточно сифон Свети Николе е завршена, и таму е избран економскиот оператор, што значи дека наскоро очекуваме да биде завршена изработката на проектот и откако ќе заврши проектот ќе се пристапи кон распишување тендер за негова изведба - изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Тој додаде дека потребните финансиски средства за оваа намена се обезбедени од ИПА програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Изработката на овој проект за десниот магистрален канал е од особно значање за наводнувањето во општините Штип и Свети Николе бидејќи се користи во текот на целата наводнителна сезона.

За ревитализацијата на левиот магистрален канал, кој од минатата година делумно беше ставен во функција во општина Зрновци, годинава, како што истакна Гоцев, целосно ќе биде во функција. За таа намена е изработен основен проект во кој се содржани десетина типски зафати за вода на реките Осојница, Оризарска, Зрновска, Кочанска Злетовица и Брегалница, со цел водите од овие реки да бидат насочени и искористени по левиот магистрален канал на ХМС Брегалница“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS