mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Крушево успешно се справува со снегот

Крушево успешно се справува со снегот

Типографија

Крушево се справува со зимата и снегот иако се навестуваат нови врнежи.

Според претставници на локалната самоуправа и јавните претпријатија сообраќајот на регионалниот пат до Крушево се одвива непречено, во зимски услови. Се чистат улиците и се одржува водоснабдувањето.

  • Имаме доволно материјал за одржување и чистење на улиците, се справуваме со снегот кој во градот е околу 30 сантиметри, а на падините и до половина метар. Иако под новиот снег има мраз, но сообраќајот по улиците се одвива во зимски услови. Поради стравот да не замрзнат водоводните инсталации, граѓаните ги пуштаат чешмите, па потрошувачката е зголемена за 70 отсто. Покрај водата од сопствените извори, во функција се и бунарите со доток од Студенчица. Во овој период кога ќе попуштат температурите ќе се одмрзнуваат водоводните инсталации. Досега одмрзнавме 30 водомери - вели Даница Кондоска, раководител на „Водовод и канализација“.

Градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески нагласува дека за потребите, градот со пари од Европската унија набави машина за чистење снег.

  • Скип-машината за чистење снег со плуг многу ни помага во овие зимски услови - вели Дамчески.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS