mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Штипските ловци се подготвуваат за хајки на волци

Штипските ловци се подготвуваат за хајки на волци

Типографија

Штипското ловно здружение „Ловец“ се подготвува за организирани хајки за отсрел на волкот како штетен дивеч.

Секретарот на  ловното здружение „Ловец“ од Штип , Ване Јованов вели дека првите организирани хајки ќе ги организираат во февруари, а волкот ќе се лови на терените околу селата Сушево и Чардаклија.

  • Оваа година немаме големи штети од волкот. Се утврдуваат две локации, станува збор за село Сушево и за село Чардаклија, каде што ќе бидат сконцентрирани и хајките, што се планираат за месец февруари. Во јануари не се направени такви хајки, затоа што волкот стагнира со својата популација - вели Јованов.

Тој исткна дека последните неколку години ловците отсрелувале меѓу 10 до 20 волци, а во текот на оваа ловна сезона отсрелани се само три волка. За отсрел на овој штетен дивеч државата им дава и парична награда на ловците. Сметаат дека наскоро ресорното министерство треба да го одобри и отсрелот на чакалот, кој веќе се пренамножил не само во штипскиот, туку и во останатите региони.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS