mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Зимско искачување на Чупино Брдо

Зимско искачување на Чупино Брдо

Типографија

Четириесет љубители на планината имаа можност да уживаат во убавините на Осоговските Планини во акцијата за зимско искачување на врв Чупино Брдо во организација на Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“, Крива Паланка.

  • Чупино Брдо се наоѓа на Осоговските Планини, на 1.700 метри надморска височина. Стартот на акцијата беше плоштадот во Крива Паланка, оттаму се упативме кон село Луке од каде официјално почна акцијата. Се искачувавме 19 километри, а висината на снежната покривка изнесуваше над 60 сантиметри - изјави Теодор Јовановски од ЗПЗП „Калин Камен“.

Според годишниот план за 2017 планирано е да бидат реализирани 45 акции.

  • Би ја издвоил акцијата за искачување на Руен, со можност за продолжување, преку Царев Врв-Калин Камен и Крива Паланка, во должина од 44 километри, а планираме и т.н „Осоговски маратон“ кој ќе биде долг 120 километри, од рудник Тораница до Пониква во Кочани. За најспремните планирано е искачување на Олимп, а тука се и искачувањата на Триглав, седум дена на Пирин Планина во Бугарија, како и акција за искачување на Титов Врв - додаде Јовановски.

Во тек е зачленувањето на планинарите за 2017 година.

  • Најмладиот активен планинар има само шест години, а највозрасниот 56. Она што го нуди членството во ваков тип организации е непроценливо, а тоа е авантура, забава, нови познанства, освојување нови пространства и најважно од се, пријателства кои траат цел живот - рече Јовановски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS