mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Граѓаните на општина Струмица да пријават штети од снежните врнежи

Граѓаните на општина Струмица да пријават штети од снежните врнежи

Типографија

Комисијата за утврдување и процена на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица, ги известува жителите кои претрпеле штети од снежните врнежи да ги пријават.

Претседателот на Комисијата Ацо Ѓоргиев вели дека досега имале жалби од граѓаните, затоа сега повикуваат на итно пријавување на евентуални последици од снегот.

  • Ги повикуваме жителите на општина Струмица кои претрпеле штети на нивните пластеници, стакленици или на градежни објекти во најкус можен рок да донесат барање за процена до комисијата. Ние уште во текот на оваа недела ќе излеземе на терен, согласно нашите законски овластувања од Законот за заштита и спасување - посочува Ѓоргиев.

Тој објасни дека по завршувањето на проценката, извештајот ќе го достават до републичката комисија за процена на штети од природни непогоди и несреќи, а оттаму до Владата на Република Македонија.

  • Владата на Република Македонија одлучува дали и колку проценти ќе биде обештетувањето - вели Ѓоргиев.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS