mksqen
10
Чет, Окт
0 Нови / 7 дена

Зголемен водостојот на Вардар, Радика, Треска, Сатеска и Црна Река

Зголемен водостојот на Вардар, Радика, Треска, Сатеска и Црна Река

Типографија

Водостојот на природните езера во Македонија е непроменет, а кај реките се забележува негово зголемување, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

  • Најголемо покачување на водосотојот бележиме во сливовите на реките Радика, Треска, Сатеска и Црна Река, а во останатите сливови бележиме благи до умерени покачувања.  Како последица на топењето на снегот очекуваме зголемени водостои на сите водотеци во државата. Поради позитивните температури на воздухот проследени со врнежи од дожд и топење на снег предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, особено во сливовите на реките Треска и Радика - велат од УХМР.

Според нив, најголем пораст на водостојот од 56 сантиметри има реката Вардар кај мерната станица Јегуновце. Нивото на Вардар пораснало за 29 сантиметри на мерното место кај Зајчев Рид во Скопје и за пет, односно четири сантиметри кај Велес и Демир Капија.

Значително зголемување на водостојот од 46 сантиметри има и Црна Река кај мерното место Новаци.

Намалување на нивото од пет сантиметри е забележано кај Радика, а од два сантиметри Крива Река. Кај сите други реки кај кои што се вршат мерења нивото на водостојот се зголемило или, пак, останало на истото ниво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS