mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Нови контејнери и канти за отпадоци во Македонска Каменица

Нови контејнери и канти за отпадоци во Македонска Каменица

Типографија

Општина Македонска Каменица набави нови контејнери и канти за отпадоци кои жителите на оваа општина ќе ги добиваат бесплатно.

Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски оваа нова набавка е продолжување на минатогодишната активност која се покажала како добро решение за решавање на проблемот со дивите депонии и подобрување на управувањето со отпад.

  • Општина Македонска Каменица и оваа година набави нови 10 контејнери од пет кубика наменети за селските средини, 30 контејнери од еден кубик и околу 200 канти за домаќинствата во градот. Го продолживме проектот за набавување канти и контејнери за отпадоци за селските средини, но и за централното подрачје. Контејнерите од пет кубика се наменети за селските средини и се  ставени во функција на жителите на Луковица, Тодоровци, Моштица, дел во Стара Каменица, во село Саса, со цел да го подобриме управувањето со отпад и да згаснат дивите депонии во селските средини - вели Митевски.

Тој истакна дека досега се набавени 600 канти за ѓубре, а жителите ги добиваат бесплатно.

  • Оваа активност значи дека  сите граѓани кои живеат во индивидуални објекти за домување ќе добијат нови канти. За разлика од другите општини, жителите на Каменица ова го добиваат бесплатно - рече Митевски.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS