mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Ловиштата Сараево и Чифлик чекаат нов концесионер

Ловиштата Сараево и Чифлик чекаат нов концесионер

Типографија

Ловиштата Сараево и Чифлик во Пехчевско ќе чекаат нов концесионер зашто поради неисполнување на обврските, одземена и е концесијата на словенечката фирма која ја доби пред неполни две годинии.

Како што истакна градоначалникот на Пехчево Игор Поповски, новите концесии за овие ловишта треба да се распишат по формирањето на владата.

  • Овие две ловишта се веќе десет години без сериозен концесионер што е на штета на развојот на ловниот туризам во овој дел од Малешевијата. Општина која го има за приоритет развојот на турзимот, очекува дека ќе се реши проблемот и дека, конечно, ќе се добие концесионер кој ќе биде поодговорен кон природата и кон живиот свет што значи ќе ги исполнува условите - рече Поповски.

Ловното друштво „Буковик 2“ кое пред петнаесетина години ја имало конецесијата за овие ловишта, повторно е подготвено да аплицира.

  • Се надеваме дека овој пат ќе успееме да ја добиеме концесијата. Ловиштата се оставени без концесионер што се одразува негативно врз дивечот, исто така, забранет е и ловот, а сите заинтересирани ловни друштва од регионот, Бугарија, Грција, но и Италија, не може да дојдат да ловат што за нас и за општината е голем хендикеп - истакна претстедател на здружението Илчо Петровски.

Изготвена е, како што рече тој, стратегија согласно со ловостопанската дозвола за двете ловишта, Сараево кое е исклучво наменето за крупен дивеч и Чфлик за ситен дивеч.

Ловното друштво „Буковиќ 2“ постои 40 години и има околу 150 активни членови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS