mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Се уредува патеката кај реката Брегалница во Штип

Се уредува патеката кај реката Брегалница во Штип

Типографија

Вработените во Општина Штип и од двете jавни претпријатија „Исар“ и „Стипион“ заеднички ја уредуваа  и го собираа отпад на пешачката и велосипедска патека, почнувајќи од населбата 8 ми Ноември до населбата Балканска.

Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев кој истакна дека по расчистување на патеката ќе следи и нејзино холтикултурно уредување.

  • По расчистувањето следи засадување на трева, холтикултурно уредување, засадување на дрвца и дрвореди, ќе ставеме клупи и корпи за отпадоци. Перспективно размислуваме да го решиме и осветлувањето на патеката, а кое мора да го решиме на различен начин од она што го имаме сега зад Исарот - вели Захариев.

Тој додаде дека идејата е наскоро да се поврзе оваа патека и со приградската населба Стар Карорман, а исто така се разговара и со Општина Карбинци да се продолжи до селото Таринци, со што граѓаните на Штип и на Карбинци ќе имаат патека која е за рекреирање  по течението на реката Брегалница.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS