mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Реконструкција на дел од системот за водоснабдување на повеќе села во Дебрца

Реконструкција на дел од системот за водоснабдување на повеќе села во Дебрца

Типографија

Општина Дебрца почна со реализација на најавената реконструкција на Пумпната станица „Свети Еразмо“ што е дел од системот за водоснабдување на селата Оровник, Горенци, Требеништа и Подмолје.

Според предвидените активности, планирано е со зафатот да се изврши прочистување на 80 метри длабокиот бунар за вода, поставување нова помоќна и поекономична пумпа, поставување нов хлоринатор, замена на електрониката за автоматско функционирање на пумпата, како и замена на нејзините фасонски делови.

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски вели дека зафатот ќе обезбеди подобро и поквалитетно водоснабдување за целото население од тој атар, како и поефикасно управување со системот за водоснабдување.

  • Особено подобрување во водоснабдувањето во летниот период кога поради застареноста на пумпната станица, доаѓаше до прекин во водоснабдувањето - рече Трајкоски.

Средствата за реконструкцијата на пумпната станица кај „Свети Еразмо” од околу милион денари се обезбедени преку проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води" што го реализира Владата со средства добиени од Европската инвестициска банка.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS