mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Распишан оглас за гасоводна мрежа до домаќинствата

Распишан оглас за гасоводна мрежа до домаќинствата

Типографија

Владата распиша огласи за изградба на секундарна и терцијарна гасоводна мрежа преку јавно-приватно партнерство за Скопскиот, Западниот и Источниот регион.

Вкупната проценета вредност за изградба на оваа гасоводна мрежа е околу 150 милиони евра. Ќе бидат опфатени сите 17 општини во Скопскиот регион, 36-те општини во Источниот регион и 26-те општини во Западниот регион.

Со тоа, како што објаснуваат надлежните, ќе почне изградбата на систем со кој директно ќе се поврзат крајните корисници, државните институции, компаниите и домаќинствата. Се очекува до 2022 година да бидат завршени околу 70 проценти од гасификацијата на целата територија на Македонија.

Огласите се веќе објавени во Службен весник и на страницата на Бирото за јавни набавки, а од утре ќе бидат објавени и во јавните гласила во Република Македонија и во „Фајненшл Тајмс“ а извесен период ќе бидат достапни и на платформата ТЕД – официјалното гласило за тендери на Европската Унија.

За разлика од претходните огласи, во овој оглас има неколку суштински разлики како од технички аспект, така и во однос на тоа дека периодот на концесија е продолжен од 20 на 30 години, а и приклучокот којшто треба да го субвенционира Владата е намален за дваесетина проценти.

Од магистралните гасоводи, досега целосно е изграден потегот од Клечовце до Штип, додека во тек на реализација се три магистрални гасоводни делници од Штип до Неготино, од Неготино до Битола и од Скопје преку Тетово до Гостивар. Во следниот период се очекува да се започне со изградба на уште 13 делници на магистрални гасоводи и осум краци за поврзување на гасодоводот со индустриските зони. Вкупната инвестиција за примарната гасоводна мрежа изнесува околу 350 милиони евра. Доколку се се одвива според планираното се очекува примарниот гасоводен систем да биде готов до 2020 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS